ПОВЕЌЕ ОД 30 МИГРАНТИ ПРОНАЈДЕНИ ВО КОМБЕ КАЈ МАРВИНЦИ

//

Над 30 мигранти се пронајдени во товарно возило вчера утрото на магистралниот пат во близина на с.Марвинци.

„Во координирана акција на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ и од Полициска станица за граничен надзор Богородица било забележано товарно возило комбе ‘пежо боксер’. По запирање на возилото во него се пронајдени 32 лица мигранти“, соопшти МВР.



За случајот е известен Јавен обвинител, а по целосно расчистување на случајот против возачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна статија

ЦАРОВСКА НА МИНИСТЕРСКИ СОСТАНОК НА УНЕСКО: НЕ ДОЗВОЛИВМЕ ЗАСТОЈ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Следна статија

КАМЕНУВАНО ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО ВО АРАЧИНОВО

Најново од Вести