| |

„Мистеријата на бугарските гласови“ со два концерта во Лондон

Светски познатиот хор „Мистерија на бугарските гласови“ ќе одржи два концерта во Лондон – на 21 април во The Clapham Grand од 19:00 часот и на 22 април во Union Chapel од 18:30 часот. Организатор е Gotobeat, соопшти бугарскиот весник во Лондон „БГ БЕН“.

„Стотици жители и гости на англиската престолнина ќе можат да се допрат до волшебните изведби на автентична и обработена фолклорна музика“, наведуваат од изданието.

Хорот е основан во 1952 година како ансамбл за народни песни на Бугарското радио, по идеја на Георги Бојаџиев. Прв диригент бил Борис Петров, а подоцна ансамблот го воделе и Красимир Ќуркчијски, Димитар Динев и Георги Генов.

Слични Објави