Бугарскиот дипломатски институт упати честитка по повод Денот на независноста на Бугарија
Бугарскиот дипломатски институт упати честитка по повод Денот на независноста на Бугарија, објавувајќи извадок од Манифестот со кој на 22 септември 1908 година била прогласена независноста на земјата.
Денот на независноста! Честит празник!
„…Воодушевен од ова свето дело и за да одговорам на државните потреби и народната желба, со благослов на Севишниот ја прогласувам соединетата на 6 септември 1885 година Бугарија за независно Бугарско Царство и заедно со својот народ длабоко верувам дека овој Наш акт ќе го добие одобрувањето на Големите сили и симпатиите на целиот просветен свет.
Да живее слободна и независна Бугарија!
Да живее Бугарскиот Народ!
Издаден во древната престолнина Велико Трново на 22 септември 1908 год., дваесет и втората година од Нашето царување“
Фердинанд I
Со објавата, Бугарскиот дипломатски институт го честита празникот и го одбележа историското значење на прогласувањето на независноста на Бугарија.

