| |

Бугарскиот издавач и литературен истражувач Пламен Тотев ја доби најголемата книжевна награда на Република Северна Македонија

За првпат најголемата книжевна награда на Република Северна Македониja што може да му се додели на странец ја доби Бугарин. Бугарскиот издавач и литературен истражувач Пламен Тотев ја доби почесната награда „Рациново признание“.

На официјална свеченост синоќа во Велес, родниот град на основоположникот на македонската литература, Кочо Рацин, на Пламен Тотев му беше врачена почесна награда за придонес во градењето мостови меѓу македонската литература и читателите во Бугарија преку објавувањето на најрепрезентативните автори од сите генерации на современата македонска литература.

Годинава по 60-ти пат беше доделено „Рациново признание“. Наградата традиционално се доделува за најдобар македонски роман или збирка раскази. Годинава големата награда ја освои Блаже Миневски со романот за љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче „Ако се родат чувства“. Писателот во Бугарија е познат по трите негови книги: „Мемоарите на глуварчето“, „Цел“ и „Фантомско стапало” .На отворањето на прославата „Рацинови средби“ му беше врачена и наградата „Рациново признание“.

На нивното синоќешно затворање, на Пламен Тотев му беше врачена истоимената почесна награда. За прв пат со истата беше награден Бугарин. Досега таа им била доделувана на големи книжевни специјалисти и лингвисти како што се академик проф. Виктор Фридман од САД, Проф. Жарко Бошњаковиќ од Србија и други…

Ова е голема чест и почит за Бугарија. Другата голема македонска награда за Бугарин е „Златен венец“ за Љубомир Левчев во 2010 година од „Стружски вечери на поезијата“.



Слични Објави