Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје организира Велигденска работилница
Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје организира Велигденска работилница, која ќе се одржи на 1 април со почеток во 17:30 часот во просториите на БКИЦ-Скопје.
Настанот е наменет за деца и родители, кои ќе имаат можност да учествуваат во креативна и инспиративна работилница посветена на велигденските традиции.
Организаторите упатуваат покана до сите заинтересирани да се приклучат и заеднички да го одбележат празничниот дух преку уметнички активности.
