(ГАЛЕРИЈА)БУГАРСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА КРАСИМИР КАРАКАЧАНОВ ВО БИТОЛА ЈА ПРЕТСТАВИ СВОЈАТА КНИГА „ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ“

//

Министерот за одбрана и потпретседател на бугарската Влада, Красимир Каракачанов, денеска (01.02.2020 г.) во Битола ја промовираше својата книга „Тодор Александров“. Промоцијата се одржa во малата сала на Центарот за култура во Битола со почеток од 12 часот.

„Историјата е јасна по тој однос, кој чита ќе разбере. Ги гледаш документите, ги  читаш и треба да се замислиш. Ама да кажеш дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин само затоа што имал бугарски пасош, поголема глупост нема. Во тоа време на никој не му требал пасош на Бугарја за да дојде да учи на училиште или универзитет. Гоце Делчев доаѓа од Кукуш во бугарското воено училиште. Не оди во Атина, Белград или Санкт Петербург, оди во Софија. Со тоа напишал што е, нема за што да спориме“, изјави авторот на книгата Красимир Каракачанов, пред медиумите.

Организатор на настанот е Културен центар „Иван Михайлов“ Битола.

Книгата „Тодор Александров“ е дел од едицијата „Долг и чест“ на издавачката куќа „Захари Стојанов“ од Бугарија.



Погледнете ја галеријата од самиот настан:



Претходна статија

АЛУШОВСКИ: ДА ОСВОИМЕ, БАРЕМ, ТРИ ПЕХАРИ СО ВАРДАР ОВАА СЕЗОНА!

Следна статија

АМБАСАДОРОТ НА ИТАЛИЈА КАРЛО РОМЕО: ПОДГОТВЕНИ СТЕ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

Најново од Вести