АМБАСАДОРОТ НА ИТАЛИЈА КАРЛО РОМЕО: ПОДГОТВЕНИ СТЕ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

/

Италија останува на позицијата дека отворањето преговори на Северна Македонија со ЕУ треба да биде во пакет со Албанија, зашто и двете земји постигнале напредок во реформите, вели италијанскиот амбасадор Карло Ромео во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој се надева дека дебатата за новата методологија нема да се претвори во нов услов и одложување на отворањето преговори.

„Нашата надеж е преговорите да се отворат што поскоро, првата можност за тоа ќе биде Советот во март. Северна Македонија ги исполни сите критериуми за да ги отвори преговорите, заедно со Албанија. Тоа е одлука која ние ја заземавме уште во 2018 година, потоа лани во јуни и на за жал разочарувачкиот самит во октомври минатата година. Значи, земјата е подготвена да почне преговори“, вели амбасадорот Ромео во неделното интервју на радио „Слободна Европа“.





Претходна статија

(ГАЛЕРИЈА)БУГАРСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА КРАСИМИР КАРАКАЧАНОВ ВО БИТОЛА ЈА ПРЕТСТАВИ СВОЈАТА КНИГА „ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ“

Следна статија

ЧУЛЕВ ГО БАРА АЛЕКСОВСКИ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ ВО МВР

Најново од Вести