| |

Бугарскиот патријарх Даниил пристигна во Истанбул по покана на Вселенскиот патријарх Вартоломеј

Бугарскиот патријарх Даниил пристигна во Истанбул по лична покана на вселенскиот патријарх Вартоломеј, по што ќе отпатува на островот Имброс за да учествува во свеченостите по повод именденот на поглаварот на Цариградската патријаршија и 35-годишнината од неговиот избор за Вселенски патријарх, јавува БТА.

Централниот настан ќе се одржи на 11 јуни, на празникот на светите апостоли Вартоломеј и Варнава, кога ќе биде отслужена свечена литургија. За првпат патријархот Вартоломеј ќе го одбележи својот именден во родното место. На свеченостите се очекува да присуствува и романскиот патријарх Даниил.

Во составот на бугарската црковна делегација се Неврокопскиот митрополит Серафим, протоѓаконот Дејан Коруновски, д-р Александар Смочевски и Димитар Горанов.

На аеродромот во Истанбул, патријархот Даниил беше пречекан од генералниот конзул на Бугарија во Истанбул, Васил В’лчев, и лично од вселенскиот патријарх Вартоломеј.



Слични Објави