Бугарските воздухопловни сили ги засилуваат набљудувањето и контролата над Црното Море
Бугарските воздухопловни сили извршуваат патролни, набљудувачки и извидувачки задачи над територијалните води на Бугарија со авиони Ф-16, МиГ-29, Су-25 и Л-39, пренесува БГНЕС.
Активностите се насочени кон подобрување на увидот во состојбата и зголемување на безбедноста во бугарскиот воздушен и морски простор. Летовите ќе продолжат и во наредните денови.
За засилување на заштитата на воздушниот простор се распоредени и дополнителни копнени сили и средства за набљудување и противвоздушна одбрана.
