Бугарско-британската копродукција „Ѓаволски игри“ ја освои наградата за најдобра кинематографија на фестивалот „Челзи“ во Њујорк
Бугарско-британската копродукција „Ѓаволски игри“ ја доби наградата за „најдобра кинематографија“ на престижниот филмски фестивал „Челзи“ во Њујорк. Веста беше објавена на официјалната страница на Генералното конзулство на Република Бугарија во Њујорк, јавува БНР.
Филмот беше прикажан како дел од официјалната селекција на фестивалот. На претставувањето присуствуваа продуцентката Деси Тенекеџиева, еден од извршните продуценти Гери Стреч, како и актерот Илијан Стаменков. По проекцијата се одржа дискусија, во која учествуваше и генералниот конзул на Бугарија во Њујорк, Ангел Ангелов.
Тој, заедно со други гледачи, истакна дека за разлика од многу други филмови снимени во Бугарија во изминатите децении, „Ѓаволски игри“ јасно ја посочува земјата каде се одвива дејството, што овозможува публиката да препознае импресивни бугарски локации.
Филмот претставува фентези трилер и емотивна драма за созревањето, збогатена со суптилен британски хумор.
Идејата е инспирирана од романот на Марк Твен „Таинствениот странец“, а делото досега има освоено вкупно 11 награди на различни меѓународни фестивали.
Според БТА, светската дистрибуција на филмот ќе започне на 19 декември.

