Поранешниот француски претседател Никола Саркози оди во затвор – историски преседан за Франција
Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, кој ја извршуваше функцијата од 2007 до 2012 година, ќе ја издржи својата петгодишна затворска казна во познатиот затвор „Санте“ во Париз, лоциран на левиот брег на реката Сена. Ова претставува прв случај во современата историја на Франција по Втората светска војна, еден државен глава да оди зад решетки.
Саркози беше осуден на крајот на септември, откако судот го прогласи за виновен за незаконско финансирање на неговата претседателска кампања во 2007 година, при што, според обвинението, средства биле обезбедени од семејството на поранешниот либиски лидер Муамар ел Гадафи.
Сепак, во друг случај против него – за наводно прикривање на проневерени државни средства и пасивна корупција – судот го ослободи од вина.
Седумдесетгодишниот поранешен политичар е втор претседател на Франција осуден за корупција во поновата историја, по Жак Ширак, кој во 2011 година доби условна казна за злоупотреба на службената положба во времето кога бил градоначалник на Париз. За разлика од Ширак, Саркози ќе биде првиот претседател што ќе ја издржи својата казна во затвор.

