|

ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИТЕ КАЈ СЕЛАТА ЦЕРА И ДУЛИЦА

Изгаснати се двата пожари што ги зафатија атарот на селото Цера и Медарско маало во селото Дулица.

Во пожарот кај селото Дулица, како што информираа од Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица, зафатени се 2,5 хехтари дабова шума.

– Пожарот е ставен под контрола, односно локализиран, а потоа и целосно изгаснат од страна на нашите припадници и двајца вработени во Национални шуми „Делчево”, изјави Малин Трајчевски, командир на ТППЕ Македонска Каменица

Претходно, за кратко време изгаснат е и шумскот пожар во селтоо Цера.

Од ТППЕ упатија апел до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено, поради непредвидливите временски услови со моментална појава на силен ветар, како и поради вонредните услови во кои функционира единицата односно нејзината вклученост во спречување на ширењето на заразата со Ковид 19.

Слични Објави