ДОБРЕ МИТРЕВ: ПРЕТСЕДАТЕЛЕ НА ОК-ВМРО ДПМНЕ- МОГИЛА ДАЛИ СЕГА ТРЕБА ДА ВИ СЕ ИЗВИНАМ?

//

Во текот на вчерашниот ден, носителот на листата на ГДУ во 4-тата изборна единица, Добре Митрев, ја шокираше јавноста со свој Facebook статус, во кој изнесе информација дека претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ-Могила, Оливер Ристески, бил фатен за време на полициски час како краде дрва. Поради овој статус, претседателот на ОК-ВМРО-ДПМНЕ- Могила, се најде навреден и притоа се водеше жестока дебата под самиот пост на Митрев. Во приквечерните часови Добре Митрев напиша уште еден статус и во прилог го пушти и билтенот на МВР, каде неговото неофицијално соопштение се воспостави дека е вистинито. Во прилог ви го пренесуваме статусот во целост.

„Г. Ристески денеска вие предизвикан од мојот статус во коментари ми го опишавте вашиот живот како земјоделец кој ниту беше спомнат во мојот текст, ниту апсолутно беше цел на моето соопштение. Ми се заканивте со клевета. Јас сега прашувам. До кога ќе манипулирате со народот? Дали мислите дека начинот на кој што сакавте да ја извртите работата уште пали кај народот? И покрај тоа што пробавте бесрамно да лажете дури и да ми се заканите за кое јас ви одговорив дека ќе се извинам ако не е така, вие упорно до крај се трудите да се наметнете како жртва. А жртва не сте. Повелете линк од Министерството за внатрешни работи. Се препознавате ли сега претседателе на ОК-ВМРО-ДПМНЕ-Могила? И ве молам поштедете ме од оцрнување на вашето семејство. Тоа никаде не е спомнато. Се работи за тоа дека сте претседател а ве приведува полиција.“





Претходна статија

ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИТЕ КАЈ СЕЛАТА ЦЕРА И ДУЛИЦА

Следна статија

ЧЕТИРИ НОВИ ЖРТВИ НА ОД КОВИД-19 НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ

Најново од Вести