| |

Бугарското културно друштво во Белгија со анкета за омилените современи бугарски автори ширум светот

Анкета за тоа кои се омилените современи бугарски писатели ширум светот организира Бугарското културно здружение во Белгија. Резултатите од анкетата ќе бидат објавени на Петтиот бугарски фестивал на книгата, на кој на 10 и 11 јуни ќе се соберат бугарски писатели, издавачи и читатели во главниот град на Белгија, пренесува БТА.

Годинава меѓу учесниците на манифестацијата ќе бидат писателите Марија Касимова-Моасе, Викторија Бешлијска, Гергана Георгиева, Јордан Славејков, Владимир Зарев, Момчил Николов и издавачот Манол Пејков. Тие ќе се сретнат со гости на настанот, ќе одговараат на прашања на читателите и ќе потпишат автограми.

Форумот е организиран од Бугарското културно здружение во Белгија, со поддршка на Амбасадата на Бугарија во Брисел, во партнерство со бугарски издавачки куќи.



Слични Објави