|

Два филма со бугарско учество ќе се натпреваруваат за големата награда на филмскиот фестивал во Карлови Вари

Два филма со бугарско учество ќе се натпреваруваат за наградата „Кристален глобус“ на филмскиот фестивал во Карлови Вари. Едната лента е во режија на Стефан Командарев, а другата е копродукција меѓу Грузија, Франција и Бугарија.

„Лекциите на Блага“ е насловот на најновиот филм на Стефан Командарев (бугарско-германска продукција) кој на екранот во главната улога ја враќа познатата бугарска актерка Ели Скорчева.

Ова е нејзино прво филмско појавување по 30 години.

Покрај Скорчева, во филмот учествуваат Стефан Денољубов, Асен Блатечки, Иван Б’рнев, Ивајло Христов. „Лекциите на Блага“ е „драма на неизвесност“ и ја раскажува приказната за пензионирана наставничка која станува жртва на телефонска измама и ги губи сите заштеди. Бугарската публика филмот ќе го гледа наесен.

„ Граѓанинот светец“ е копродукција меѓу Грузија, Франција и Бугарија, во режија на Тинатин Каджришвили и е другиот наслов со бугарско учество во културниот натпревар.

Фестивалот во Карлови Вари ќе се одржи од 30 јуни до 8 јули.

Слични Објави