| |

Бугарското обвинителство отвори предмет за заканите против Христијан Пендиков

Софиjското обвинителство отвори предмет за закана со убиство кон претепаниот Христијан Пендиков во Охрид, соопшти за БГНЕС Сијка Милева портпарол на бугарскиот јавен обвинител.

Христијан Пендиков поднел пријава до Дирекцијата за борба со организиран криминал во Софија затоа што кон него е испратена заканувачка порака на македонски јазик преку социјална мрежа и поради фактот што во интернет просторот се објавуваат негови фотографии со повици врз него да биде извршено насилство. Надлежен обвинител наредил почнување на истрага од страна на органите на бугарското МНР.

„Обвинителството на Република Бугарија го презеде како своја кауза отпорот против криминалните дела од омраза. Нешто против што се бори и целата европска заедница“, изјави Сијка Милева, портпарол на бугарскиот јавен обвинител Иван Гешев.



Слични Објави