|

Бугарското собрание утре ќе гласа за предлог владата на Габровски

Утре на редовна седница, бугарското Народно собрание ќе гласа за предлог владата „Габровски“, објавено е на веб-страницата на парламентот.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, прва точка на дневниот ред утре ќе биде изборот на премиер, вклучувајќи ја и структурата и изборот на членовите на новата бугарска Влада.

Движењето за права и слободи и партијата „Бугарски подем“ на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев доцна вечерва ќе се изјаснат дали ќе поддржат влада со мандат на ГЕРБ-СДС.

Преостанатите партии и коалиции во Народното собрание – „Промените продолжуваат“, „Демократска Бугарија“, БСП и „Препород“ веќе се изјаснија дека ќе гласаат против.

Извор: zoom.mk

Слични Објави