Бугарското ВМРО го блокира патот на граничниот премин Ѓуешево кон границата со РС Македонија
Припадници на бугарското ВМРО денеска го блокираа патот кон граничниот премин Ѓуешево со границата на РС Македонија. Тие велат дека блокадата ќе трае неопределено време. Од ВМРО го дефинираат актот на 47-от бугарски парламент со прифаќањето на францускиот предлог како предавнички чин, јавува БГНЕС.
„Нашиот акт е симбличен и сака да покаже дека патот на РС Македонија кон ЕУ треба да биде запрен се додека РС Македонија користи говор на омраза кон Бугарија и се додека врши прогон на Бугарите во земјата“.
Остра изјава даде и почесниот лидер на партијата Красимир Каракачанов кој ја нарече сегашната Влада предавничка и повикува да излезат сите со своите автомобили за да го затворат патот кон Скопје.