| |

Бугарското здружение „Потомци на бегалците и мигрантите од територијата на Република Македонија и пријатели“ со обраќање до претставниците на албанската заедница во Република Северна Македонија

Здружението „ПОТОМЦИ НА БЕГАЛЦИТЕ И МИГРАНТИТЕ ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ПРИЈАТЕЛИ“ од Република Бугарија, испрати обраќање до претставниците на албанската заедница во Република Северна Македонија. Повод за обраќањето е како што велат од здружението одредени изјави на политичките чинители ВЛЕН и ДУИ, кои се против членството на РС Македонија во ЕУ, против интересите на Албанците на Балканот и против албанско-бугарското пријателство.

Во продолжение ви го пренесуваме целосното обраќање на здружението без редакторска интервенција:

ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ШТО ЖИВЕЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА,

Повод да се обратиме кон вас како ваши соседи и пријатели, чии предци во минатото воделе заедничка борба против отоманските и српските поробувачи, се дел од актуелните изјави на политичките лидери на северномакедонските Албанци. Владејачката партија ВЛЕН наведува дека бугарската заедница нема да биде вклучена во уставот, бидејќи Бугарија немала редовна влада и немало со кого да разговара. До неодамна владејачката партија ДУИ ја промовираше идејата дека „Македонците мора да имаат добри односи со Албанците, во спротивно ќе бидат проголтани од Србите, Бугарите и Грците“.

Сметаме дека овие изјави не соодветствуваат со предизборните ветувања на албанските партии, тие се насочени против членството на РС Македонија во Европската унија, против интересите на Албанците на Балканот и против албанско-бугарското пријателство, кое во крајна линија им служи на српските интереси – нешто што отворено го прави актуелната влада и претседател на Република Македонија. Тешко дека сте заборавиле дека на почетокот на 90-тите г-ѓа Гордана Силјановска-Давкова отворено зборуваше против распадот на Југославија и се спротивстави на желбата за независност на поединечните југословенски републики. И оваа година, веќе како претседател на РС Македонија, при посетата на Србија објави дека од двете страни на српско-северномакедонската граница живеат Срби! Знаеме зошто не ги спомна македонските Бугари. Но, се прашуваме зошто не ве спомна вас, северномакедонските Албанци? Или го трпите ова игнорирање? Се прашуваме зошто не реагирате на изјавите на актуелната власт во Скопје против изградбата на Паневропскиот Коридор бр.8? Знаеме за сонот на Белград да ја елиминира секоја соработка со Бугарија, но овој коридор ја поврзува и Албанија, стигнува до Италија. Дали мислите дека овие земји немаат интерес за негова изградба или сакате да ги осудите на неврзување и со тоа да ја загрозите безбедноста на нашиот регион за да може Белград да ги реализира своите планови за „Српски свет“?! Прашуваме зошто не реагираат против истекувањето на доверливи информации на НАТО од Скопје во Белград?!

Во однос на наведените изјави на некои актуелни албански политички лидери, треба јасно да кажеме дека инсистирањето делот на бугарскиот народ да биде вклучен во уставот на Република Македонија, аналогно на сите други делови на народи, вклучително и албанскиот, е барање на нејзините граѓани со бугарски идентитет, а не на Бугарија. Ова е побарано затоа што таква е државната структура на РС Македонија. Според сегашниот Устав, „граѓани на РС Македонија“ се „македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, босанскиот народ“. Исклучувањето на делови од други народи е основата на нивната дискриминација.

За прв пат веќе во летото 1992 година, лидерот на партијата Обединети Македонци Ванчо Весков изјави дека „најголемата грешка во овој момент е што се елиминира помошта на Македонците од целиот свет, а особено од Бугарија, чија самосвест е бугарска… Во Република Македонија овие луѓе се дискриминирани поради нивниот бугарски идентитет. Во Вардарска Македонија се прогонувани и оние кои се чувствуваат Бугари. Република Македонија мора да ги признае овие Бугари кои живеат на нејзина територија“. За оваа изјава беше прогонуван Ванчо Весков. На 15 септември 1992 година со ловечка пушка пред неговиот дом е убиен неговиот двегодишен син Александар Весков. Тогаш Ванчо Весков изјави дека очекувал со него да му се случи овој инцидент. Полицијата не го пронајде сторителот на убиството, а бидејќи репресијата на В. Весков не престана, тој беше принуден да ја напушти Република Македонија и да емигрира во Нов Зеланд. За жал, ова не е единствената насилна смрт во овој случај!

Каде тука гледате барање од Бугарија и што е важно каква е бугарската влада? Кога во одредени периоди од минатото Албанија, под југословенски притисок, не ги штитеше интересите на косовските Албанци, не постоеше ли косовскиот проблем? Косово се бореше за независност без разлика каква била албанската влада!

Што се однесува до пораката на ДУИ, правиме аналогија како Србите да рекле дека Косоварите треба да имаат добри односи со нив бидејќи Албанците ќе ги проголтаат! Треба да се потсетиме дека југословенскиот диктатор Тито се обиде да создаде и косовски јазик. Албанија на Енвер Хоџа тогаш реши да им помогне на настраданите Албанци во Југославија, но Косоварите, кои се Геги, не станаа Тоски, иако албанскиот литературен јазик се заснова на тоска дијалектот. Не ни е јасно како Бугарите ќе ги проголтаат северномакедонците, бидејќи разликите меѓу говорите во Бугарија и Северна Македонија се многу помали отколку меѓу Гега и Тоска говорите на албанскиот јазик. И денес, ако Албанците не поминат низ унифициран образовен систем, Гегите и Тоските не се разбираат. Ние немаме таков проблем. Секој носител на западните бугарски дијалекти е исто така добро разбран во источно-бугарските говорни области и обратно. Поради оваа причина, веројатноста Бугарите да ги проголтаат Северномакедонците е многу помала отколку Тоските да ги проголтаат Гегите. Затоа, ги повикуваме албанските лидери да се грижат за албанските проблеми и нека остават нашите ние да ги решаваме.

Ние сметаме дека во сегашната ситуација, албанското единство е загрозено бидејќи Албанија и РС Македонија се во заеднички преговарачки пакет за членство во ЕУ, но со одбивањето на Скопје да се реформира за да не ги прекине врските со Србија, и Тирана е осудена на изолација. За да одговориме на овој предизвик, инсистираме пред европските институции Албанија и РС Македонија да се разделат и Тирана сама да ги започне преговорите за членство во ЕУ, со цел барем делумно да се стабилизира балканската геополитичка хоризонтала.

Што се отнесува до непосакувана од самите Македонци грижата на ДУИ кон нив, наведуваме дека ваквата изјава е во спротивност со албанските традиции. Потсетуваме дека во сите печатени албански изданија, вклучително и албанските весници што излегуваа во Скопје до 1912 година, Албанците нè нарекуваат нас – нивните соседи – само Бугари. (Bullgarët dhe serbët në artikujt e gazetës “Shkupi” (1911-1912). Shkup/Скопjе/Skopje, 2023. 265) Мораме да потсетиме дека кога во 1942 година Албанија спроведе попис на населението во денешна западна Република Македонија, беа регистрирани 72.745 Бугари, а тие, на пример, се мнозинство во потпрефектурата Царев Извор (Ресенско), префектурата Корча. (Tokat e liruara 1941-1944. Përmbledhje dokumentesh. III. Shkup, 2016. 115-117) Од овие Бугари сè уште има живи, но денес ниту еден не добива право да се декларира како таков. Дали се тие граѓани од втор ред?

Опишаните односи на пријателство меѓу македонските Бугари и македонските Албанци продолжија и во периодот на нашите заеднички борби против режимот во комунистичка Југославија. Потсетуваме, во шеесетите години на минатиот век започнаа дискусии за бугарско-албанските односи меѓу македонската албанска заедница. Овој процес сè повеќе ги вознемири југословенските власти и започна масовниот надзор на албанските интелектуалци. Во 1969 година, во кафеаната „Пирин“ во Скопје, УДБА пресретнала разговор меѓу Сеjди Креизи и Хамид Битик, во кој тие тврделе дека централна и источна Македонија се населени со Бугари и дека нема македонска националност. Тогаш беше уапсен и Фета Елмази од Кичево, кој исто така тврдеше дека нема македонска нација и дека ова население е бугарско.

Особено тешка е судбината на писателот и новинар Мехмет Али Хоџа, уредник на списанието „Детска радост“. Осуден е на 5 години ригорозна затворска казна за негирање на постоење „македонска“ националност, поради што го оспорил правото на МАНУ да го носи тоа име. Во текот на случајот стана јасно дека Мехмет Хоџа повеќепати водел слични разговори во издавачката куќа „Македонска книга“ и во клубот на писателите, во кои „го негирал македонското национално, културно и историско богатство и отишол дотаму што да се оправдаат великобугарските аспирации со кои Македонците не се признаваат како народ“.

Му изразуваме благодарност на битолчанецот Рамадан Риза Садику, кој на 15 април 1969 година испрати протестно писмо до ректорот на Универзитетот во Чикаго по повод посетата во истиот универзитет на креаторот на скопската писмена норма, Блаже Конески. Во ова писмо Р. Садику напишал: „Многу бев изненаден што комунистичките власти во Југославија започнаа со денационализација на бугарското население во Македонија… Сведок сум како албански учител во разни села, а за кратко време во градот Битола, што прават властите против македонските Бугари, а имајќи ги предвид манифестациите на споменатиот Блаже Конески, околу кој сега се појави јавно прашање, сметав дека е правилно да ве информирам… Пред воспоставувањето на комунистичката власт во Југославија, ние никогаш не сме слушнале за македонска националност и за македонски јазик… Ние, Македонските Албанци, со векови ги познаваме овие Словени само како Бугари, а нивниот јазик го нарекуваме бугарски, како што тие самите го нарекуваа“.

Очигледно, овој протест го забележал ректорот на Универзитетот во Чикаго, бидејќи испратил одговор во кој се обидел да ја оправда својата постапка. Р. Садику, сепак, ги отфрли наведените аргументи како неодржливи и испрати второ писмо на 27 август 1969 година. Во него тој ги спротивставува сопствените впечатоци со псевдонаучните тврдења: „Јас, како учител во Македонија под југословенска власт и до неодамна жител на овие простори, знам дека локалното словенско население е бугарско, а неговиот јазик е бугарскиот“. За да ја потврди својата исправност, цитира материјал на скопскиот весник „Нова Македонија“ од 8 март 1969 година, во кој се објавени наодите на државната комисија која испитува како општеството се однесува кон службениот јазик. „Излегува дека дури и наставниците кои ја учат младината, со неjа зборуваат во училиште на домашен дијалект. А функционерите, исто така, во својата официјална кореспонденција користат смешен куп локални дијалекти, хрватски или српски изрази, измешани со зборови и новосоздадени изрази од овој „книжевен“ јазик“. Од таа причина, Р. Садику е убеден дека „креацијата на Блаже Конески и некои личности како него е нешто смешно, а да не речам понижувачко за домашното општество“.

Сепак, најкритичката политичка оценка на Албанците за српскиот македонизам беше дадена во 1971 година, кога во септемврискиот број на водечкиот албански странски весник „Фламури“ беше посочено дека во југословенска Македонија се измисленни „нова“ македонска нација и црква.

Оваа најнова соработка меѓу македонските Бугари и македонските Албанци вроди со плод. Веќе во 1947 година, македонските Бугари во слободниот свет ги поддржаа албанските протести против обидите на Југославија да ја апсорбира Албанија. Во „Македонска трибина“ беа објавени неколку десетици текстови за поддршка на борбата на Албанците против југословенската политика. Во 1958 година, д-р Џан Маркони, Албанец роден во Скопје, но живее како емигрант во Бафало, испрати честитки до Конгресот на МПО посакувајќи „слобода на сите угнетени националности во слободна и демократска Македонија“. Во 1962 година Џ. Маркони присуствуваше на 41-виот конгрес на Македонските бугарски што се одржа во Бафало и одржа говор. Во него тој го привлекува вниманието на заслугите на некои албански католици за каузата на македонските Бугари, како на пример сестра Алоати или некои учители Албанци во бугарските католички училишта во Солун и Цариград.

Следната година во Бафало се одржа парада за Денот на лојалноста. Месната организација на македонските Бугари одлучува да учествува заедно со претставниците на албанската заедница. Бугарско-албанската група е најмногу аплаудирана од публиката, поради што е класирана на прво место во конкурсот за учесниците во настанот.

На позадината на изнесените податоци, актуелните позиции на некои албански политички лидери во Скопје предизвикуваат вистинска збунетост. Сакаме да нагласиме дека не го оспоруваме ниту македонскиот, ниту косовскиот идентитет. Сметаме дека секој човек има право сам да одлучи што е и на кој јазик зборува. Само сакаме да го заштитиме човековото право на оние граѓани на Северна Македонија кои го зачувале својот историски бугарски идентитет, да имаат право слободно да го изразуваат. Одземањето на ова човеково право не е билатерален спор со Бугарија, туку е суштината на долгогодишниот внатрешен конфликт во РС Македонија. Нашата организација, која ги застапува интересите на потомците на емигрантите и бегалците од РС Македонија, никогаш нема да отстапи од одбраната на ова човеково право, кое е вградено во преговарачката рамка прифатена од ЕУ за РС Македонија.

Почитувани претставници на албанската заедница во Република Македонија. Од вас зависи и изборот на патот по кој Скопје ќе тргне кон своjата евроинтеграциjа! Имате право да земете учество во одлуката дали РС Македонија ќе продолжи да го следи сегашниот пат кон Белград или ќе го избере патот кон Европа.

Со почит и братски поздрав:

КОПРЕТСЕДАТЕЛИ: проф. Трендафил Митев, проф. Спас Ташев, Илиjа Стоjановски

СЕКРЕТАР: Димитар М. Димитров

Софија, 30 август 2024 година



Слични Објави