| |

Бун од Софија: Република Северна Македонија мора да го спроведе францускиот предлог

Се надеваме дека Република Северна Македонија ќе продолжи со спроведувањето на договорите и обврските од францускиот предлог. Ова за БГНЕС го изјави француската државна секретарка за европски прашања Лоренс Бун, која се наоѓа во посета на Софија.

Пристапувањето на сите земји кандидати е многу важно за нашата геополитичка безбедност, но сепак „тие мора да направат реформи. Затоа отидовме во Скопје со нашите германски и полски колеги – да ги поддржиме реформите, кои понекогаш се тешки“, рече таа.

„За мене е многу важно да ги посетам РСМ и Бугарија и благодарна сум што Марија Габриел ја спомена улогата на Франција во постигнувањето договорот во јуни 2022 година за време на француското претседателство со ЕУ“, рече Бун.



Слични Објави