БУЗАКУ МУ СЕ ЗАКАНИ НА РЕЏЕПИ: ПОВЛЕЧИ СЕ, ИМАМ ДОКАЗИ ЗА ТВОЈ КРИМИНАЛ
Скендер Бузаку денеска му постави ултиматум на поглаварот на Исламската верска заедница реисот Сулејмани Реџепи да си замине од ИВЗ во рок од 72 часа, или во спротивно, најави тој, ќе објавел докази и факти за криминални активности на Реџепи.
Бузаку им порача на сите професори, теолози и оџи кои биле протерани од страна на Сулејман Реџепи дека во иднина ќе бидат вклучени во работата на ИВЗ, а на сите други кои се внатре, и немаат криминал им даде збор дека нема да ги загубат своите работни места.