ЦАРОВСКА: ГРАДИМЕ ОПШТЕСТВО ЕДНАКВО ЗА СИТЕ

//

Градиме општество еднакво за сите. Новиот текст на Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој го презентирав денеска, има за цел да обезбеди принцип на еднаквост во заштитата од дискриминација и во остварување на човековите права и слободи. На овој начин се доближуваме до меѓународните стандарди, усвоени од страна на Обединетите Нации и Европската унија, а нашите граѓани добиваат соодветна правна заштита и општество кое ги негува различностите и овозможува услови за развој за сите. Одиме напред, без страв и без предрасуди. Родовиот идентитет и сексуалната ориентација за првпат се воведуваат како основи за дискриминација. Новиот закон предвидува јасни критериуми за избор на членови на комисијата, со цел да се професионализира комисијата. Исто така се ослободуваат од судски трошоци лицата кои ќе поведат судска постапка за заштита од дискриминација.

Остануваме посветени на зајакнување на владеењето на правото и унапредување на квалитетот на животот за сите.



Претходна статија

СТОЛТЕНБЕРГ: ПРВО УСПЕШЕН РЕФЕРЕНДУМ, ПА ПОКАНА ЗА НАТО

Следна статија

ВО ШТИП СЕ ОДРЖА НАСТАНОТ „НА СЕКОЕ ДЕТЕ МУ ТРЕБА СЕМЕЈСТВО”

Најново од Вести

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,