ВО КИНА РЕГИСТРИРАН САМО ЕДЕН СЛУЧАЈ НА ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУС
Во Кина вчера бил регистриран само еден нов случај на зараза со Ковид-19. Во земјата во изминатите 24 часа нема ниту еден „увезен случај“, соопшти Националната здравствена комисија. Досега, според официјалните податоци, во Кина со коронавирус се заразени 82.886, а починале 4.633 лица. Извор: Макфакс
