Средба Ахмети-Радуков: Албанците избрани од ВМРО ДПМНЕ се откажаа од Европа, бугарската заедница е реалност и треба да биде вклучена во Уставот
Во седиштето на Демократската унија за интеграција, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими амбасадорот на Бугарија во Скопје, Жељазко Радуков. Како што информираа од ДУИ, Али Ахмети му честитал на амбасадорот Радуков за враќањето во Северна Македонија и го уверил дека блиската соработка во поглед на европската иднина и добрососедството ќе продолжи уште повеќе….
