Милотинова пред БНР: Европската интеграција на Северна Македонија зависи од самата неа
Евроинтеграцијата на Република Северна Македонија зависи од самата неа. Ваков коментар пред БНР даде познатата бугарска новинарка Милена Милотинова, автор и водител на програмата „Брисел 1“ на телевизијата „Бугарија он ер“. „Постои преговарачка рамка кон која РСМ мора да се придржува и мора да ја спроведе. Има договори со Бугарија и Грција, како и протоколи…
