Трајан Зрзеецот… и „платените сметки“
Владимир Перев 1. До денешен ден мислам дека прилепскиот пазар е најбогатиот во Македонија. Никаде, на ниту еден пазар кај нас, не сум видел толкаво разнообразие на плодови и зеленчуци со таков висок квалитет, а прилепските касапници, барем едно време, беа со најдоброто мариовско месо во земјата. Мислам дека и денес е така, со мали отклонувања…
