Скопско-политичката професура свесно влета во стапицата што самата си ја постави
Facebook статус на Ивон Величковски* За да продолжи да го покрива псевдо-национализмот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Републиката Силјановска-Давкова го најави и спроведе “драматичниот” потег на неспоменување на името на државата во изјавата за преземање на должноста. Правникот знае дека преземањето должност во непостоечка држава “Македонија” значи “преземање” на непостоечка должност. Политичарот знае зошто така постапил….
