Турски театар – Скопје со претставата „Слепите“ на Балканскиот театарски фестивал во Благоевград
Во рамките на главната програма на Балканскиот театарски фестивал 2025, кој ќе се одржи од 1 до 7 ноември во Благоевград, ќе гостува претставата „Слепите“ по едноимената драма на Морис Метерлинк, во изведба на Турски театар – Скопје од Северна Македонија. Режијата е на Кендрим Ријани, кој го претвора класичниот симболистички текст во современа алегорија…
