Изложба за старите градски куќи заеднички проект на организации од Бугарија и Северна Македонија ќе биде отворена во Ќустендил
Изложбата „Старите градски куќи раскажуваат приказни“ ќе биде отворена на 16 јули во 17:00 часот во куќата-музеј „Емфиеџиева куќа“ во Ќустендил, соопшти Општина Ќустендил, јавува БТА. Поставката е заеднички проект на културни организации од Бугарија и Северна Македонија и претставува основа за прекугранична културна маршрута. Таа опфаќа 13 архитектонски објекти од Дупница, Ќустендил, Крива Паланка…
