Од ковид почина едногодишно дете од Домот во Битола
Едногодишно дете згрижено во Домот за доенчиња во Битола починало од ковид на 29 минатиот месец на Клиниката за адетски болести во Скопје, соопшти денеска Институтот за јавно здравје. Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, бебето неколку пати претходно било хоспитализирано на оваа Клиника поради компликации од неговите основни заболувања: остеохондродисплазија, епилепсија, хидроцефалус,…
