Роднини на патниците бараат информации, никој не одговара на телефонскиот број на агенцијата
Пред туристичката агенција „Беса-Транс“ собрани се повеќе роднини на лицата кои биле во автобусот кој од засега непознати причини, се запали и изгоре утринава пред два часот на магистрала Струма, во близина на Перник, каде загинаа 45 лица, а седуммина преживеаја. Агенцијата Беса-Транс ја обезбедува полиција, вратите се затворени, а на телефонскиот број не одговара…
