-
-
-
Д-Р АГОЛИ: ПЕРСОНАЛОТ НА АМБУЛАНТАТА ВО ДЕБАР ПОЗИТИВЕН НА КОРОНА ВИРУС
Персоналот од амбуланатата во Дебар во карантин, откако било констатирано дека персоналот е позитивен на корона вирусот. Ова предмалку го објави доктор Арбен Аголи, педијатар од Дебар, кој беше кандидат за градоначалник на општината. „Бидејќи персоналот испадна позитивен од утре амбулантата е под карантин 2 недели“, објави Аголи на својот Фејсбук профил.
-
ВО КАСАРНА НА КРИВОЛАК ГРУПЕН КАРАНТИН ЗА 200 ЛИЦА, СЕ ОЧЕКУВА БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ДА РАСТЕ
Министерот за здравство, Венко Филипче на последната прес-конференција посочи дека очекува согласно податоците од веќе заболените лица, бројот на заболени да се зголемува во идниот период. Тој истакна дека мора да се почитуваат мерките за да се спречи локалната трансмисија. Во однос на 200 лица кои беа заглавени на граница, а кои доаѓаат во земјава,…
-
ЗАЕВ: ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА
Зоран Заев по лидерската средба во вила Водно изјави дека потребно е во државата да воведе вонредна состојба која ќе даде повеќе алатки за владата да се справи со вирусот.
-
-
ДИМИТРОВ: МАКЕДОНИЈА ВЕЌЕ Е ДЕЛ ОД НАТО, ШПАНИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ДОГОВОРОТ
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на прес-конференција информираше за добиена поддршка од Сенатот на Шпанија за влез на нашата државата во НАТО, со што и официјално ќе станеме 30-та членка на Евроатлантскиот пакт. Ратификацијата се следеше во Медија центарот во Владата, а присутни беа министерот за надворешни работи Никола Димитров и шпанскиот амбасадор во…
-
БЕКТЕШИ СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ: КУПУВАЈТЕ РАЗУМНО ИМА ДОВОЛНО ХРАНА
Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски денеска во Министерството за економија одржа работен состанок со претставници од сите најголеми супермаркети и дистрибутери на прехранбени производи во државата. На состанокот се разговараше за залихите на основни производи со кои располагаат супермаркетите и дистрибутерите, за контролата на терен од…
-
ФИЛИПЧЕ: 26 ЛИЦА СЕ ЗАБОЛЕНИ СО КОРОНА ВИРУС ВО ЗЕМЈАТА
Денешната бројка на заболени со корона вирус во земјата е 26 пациенти. Утрово се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите за 3-ца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив ИЈЗ направи контрони тестови кои го потврдија претходниот резултат. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Повеќе информации на прес-конференција во 14:00 часот,…
-
ЧУЛЕВ: СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА ЛИЦАТА БЛОКИРАНИ ВО ВИКЕНДИЧКИТЕ ВО ЦЕНТАР ЖУПА И ДЕБАРСКО
Се разгледува можноста лицата коишто се затекнати во своите викендички во подрачјето на Дебар и на Центар Жупа безбедно да го напуштат регионот по претходен преглед од епидемиолог, или да им бидат доставувани пакети со храна, дезинфециенси и лекови, информираше на денешната прес конференција министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев. Министерот додаде дека полицијата регистрирала…
