ИТАЛИЈА ПОТВРДИ ДЕКА ВЕНЕЦУЕЛСКИ ОПОЗИЦИСКИ ПРАТЕНИК Е ВО НЕЈЗИНАТА АМБАСАДА ВО КАРАКАС
Италија во петокот потврди дека венецуелскиот пратеник на опозицијата, Америко де Грација, се наоѓа во италијанската амбасада во Каракас бидејќи провладиното законодавно тело му го одзеде парламентарниот имунитет. „Членот на венецуелското национално собрание со италијанско потекло, Америко де Грација, еден од седумте законски избрани личности во националното собрание, беше примен во резиденцијата на италијанскиот амбасадор…
