(Видео) Серафимовска Борозан: Поради тендер патриотите Клековски и Мицкоски отруена е цела Македонија
Во над 50 населени места во Македонија водата не е безбедна за пиење, а листата расте секој ден, кажа денеска на прес-конференција Маја Серафимовска Борозан од СДСМ. „Гостивар, Крушево, Валандово, Булачани, Пласница, Лешок, Преглово, Маврово, Рич, Белотино, Башино Село, Елшани, Велестово, Ново Село, Сушица, Зубово, Државо, Гарани, Шутово и уште многу други места. Во Гостивар…
