ЦЕЗАР САЛАТА
Потребни состојки:
1 марула
1 пилешко филе
100 гр сланина
2 лажици рендан пармезан
6 шери домати
Прелив:
2 лажици павлака или кајмак
1 чаша јогурт
1 лажица оцет
малку масло
Подготовка:
Ситно исецкајте ја сланината и пржете малку без маснотии. Ставете ја сланината на хартија за да ги упие вишокот маснотии, па во тава каде што ја пржевте сланината, додадете го пилешкото филе исечено на коцки и пржете додека не се зацрви. Прелив: соединете ги состојките за преливот со лажица. Измијте ја марулата и шери доматите и додајте ја ситно исецканата марула и шери доматите на половина, а потоа додајте ги пилешкото и сланината, ставете од преливот и убаво измешајте, а потоа ставете го пармезан.

