ФРАНЦИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ПРОТОКОЛОТ ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО
Француските пратеници го ратификуваа Протоколот за членство на Македонија во НАТО откако претходно ратификацијата помина и во комисијата на францускиот парламент.
Следна на ред држава која треба да го ратификува договорот е Шпанија, каде прво треба да се формира влада, по изборите кои се одржаа на 10 ноември.
