Претседателот на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, Петар Колев, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитки до сите верници од исламската вероисповед во нашата земја.
„Од мое име и од името на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, на сите граѓани од исламска вероисповест ви упатувам срдечни честитки по повод големиот празник Рамазан Бајрам. Ви посакувам добро здравје, општа благосостојба и мирен духовен живот во празничните денови.
Славејќи го овој голем празник, сакам да го истакнам моето уверување дека сите заедно ќе продолжиме, како и досега, секојдневно да го даваме својот придонес во јакнењето на меѓуверскиот дијалог, меѓусебната толеранција, промоцијата на мултикултурата и соживотот на сите граѓани во Македонија. Заеднички со верба, молитва и разбирање да чекориме за подобро утре. Честит празник!“