| |

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈЕВ ПО ПОВОД РАМАЗАН БАЈРАМ

На сите граѓани кои го слават Рамазан Бајрам им го честитам празникот и посакувам празничната сила да ја јакне вербата на луѓето во доброто, вистината, правдата и да поттикнува меѓусебна почит, разбирање и солидарност.

Овој празник нека биде потсетник дека само со заеднички заложби и меѓусебно почитување ќе умееме да ги негуваме позитивните вредности што нè обединуваат во нашиот стремеж за општа благосостојба. Да градиме едно заедничко општество за сите граѓани и да обезбедиме квалитетен живот за сите.

Празникот нека донесе мир во срцата, спокој, радост и хармонија во домовите!

Честит Рамазан Бајрам!



Слични Објави