ЧЕТИРИЦИКЛ УДРИ ВО ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ ВО КУМАНОВО
На крстосница од улиците „300“ и „260“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу четирицикл со бугарски национални ознаки, управуван од С.Ј.(46) од Куманово и велосипед управуван од шестгодишно дете од Куманово.
По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.
Извор: makfax

