Четворица Кубанци протерани од државава поради илегално преминување границата

/

На четворица Кубанци им се издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата поради илегално преминување на границата од Република Србија кон Република Северна Македонија, информира Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 19:10 часот од полициски службеници од Регионалниот центар за Гранични работи Југ-Кавадарци биле приведени К.Р.Д.(26), П.С.Ј.(43), Р.В.Б.(33) и малолетник, сите од Куба. Тие во патните исправи немале евидентирано влез во државата и изјавиле дека истиот ден илегално ја преминале границата од Република Србија кон Република Северна Македонија. Нив им се издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата, наведуваат од МВР.



Претходна статија

Оштетена таблата за електрична енергија на модуларната болница во Прилеп

Следна статија

Русковска: Истрагата за Драги Рашковски во завршна фаза

Најново од Вести