Четворица насилници киднапирале и истепале двајца штипјани
Четворица насилници од Штип се уапсени вчера откако, според полицијата, насила внеле во автомобил и тепале двајца тинејџери од градот, од кои едниот е малолетен.
„На 28.12.2022, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода О.У.(24), Б.У.(28), Ф.Ш.(20) и 17-годишен малолетник, сите од Штип. Тие се сомничат дека на 27.12.2022 околу 17.30 часот со употреба на сила внеле 17-годишно момче од Штип во патничко моторно возило „Сеат”, по што во близина на место викано „Мирјанина Црква” во Штип физички го нападнале, при што употребиле и тврд предмет. Исто така, тие се сомничат дека во текот на денот со употреба на сила го внеле и М.Ј.(19) од Штип во автомобил „Сеат Толедо”, а подоцна во селото Шашаварлија физички го нападнале и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип“, се вели во полициското соопштение, во кое не се откриваат детали околу мотивите за насилството.

