|

ЧИФЛИГАНЕЦ ДЕМАНТИРА: НЕ БАРАЛ ДУЌАН ЗА ОБВИНИТЕЛКАТА СТЕФАНОВСКА

Сопственикот на градежната компанија Адора, Ванчо Чифлиганец кој беше споменат од страна на Орце Камчев во објавените разговори за случајот „Рекет“ ги демантира наводите дека барал од бизнисменот дуќан за стоматолошка ординација за обвинителката Лиле Стефанова, јавува А1он.

„Би сакал одговорно да и соопштам на јавноста дека таков наводен разговор во врска со некакво барање кон едно од лицата што се јавуваат во снимката, се нема случено, бидејќи, без исклучок, не сум таков човек кој влегува во такви разговори“, стои во соопштението до јавноста на бизнисменот Ванчо Чифлиганец. 

Слични Објави