|

Чиле издаде предупредување поради вулканот кој последен пат еруптираше во 2015 година

Националната служба за геологија и рударство на Чиле, Сернагеомин денеска го подигна нивото на тревога за вулканот Виларика од жолто во портокалово.

Радикалната мерка е донесена поради зголемувањето на вулканската активност и сеизмичноста во областа на масивот, што претставува ризик за заедницата и подразбира евакуација на луѓето, се наведува во соопштението на Сернагеомин, како што пренесува порталот „Ла Хора“.

Периметарот на евакуација ќе биде проширен од 500 метри на осум километри и ќе се нареди евакуација на 25 семејства кои се во опасност, се додава во соопштението.

Еден од најактивните вулкани во Јужна Америка, Виларика има отворен кратер широк 200 метри и последен пат еруптираше во 2015 година, што предизвика масовна евакуација, но на крајот немаше повредени.

Портокаловото предупредување значи дека постои поголема веројатност да се случи ерупција во наредните денови или недели.



Слични Објави