Британскиот министер за одбрана вети обука за 30.000 украински војници
Британскиот министер за одбрана Грант Шапс изјави дека Велика Британија стои рамо до рамо со Украина и потврди дека Британците ќе обучуваат 30.000 украински војници.
„Нашата цел е да обучиме 30.000 украински војници. Мислам дека британската одлучност нема да биде разнишана на кој било начин. Ќе застанеме рамо до рамо со Украинците“, рече Шапс.
Запрашан дали Западот се изморил од барањата на Украина за помош и поддршка, Шапс рече дека поддршката ќе продолжи.
„Не заборавивме како тиранинот влезе на територијата на соседна земја. Ако не го спречиме, од историјата знаеме што ќе се случи понатаму. Затоа ја продолжуваме нашата поддршка“, рече британскиот министер.
Тој истовремено најави дека Велика Британија ќе испрати десетици илјади муниција и дополнителна поддршка во воена опрема во Украина.
