ЧИЗКЕЈК СО ЈАГОДИ ВО ЧАША
Состојки:
За подлога:
150гр мелена плазма
60гр маргарин
80мл млеко
За белиот дел:
200мл слатка павлака
5 лажици шеќер во прав
180гр кисела павлака
½ кесичка (5гр) желатин
За црниот дел:
250гр јагоди
5+5 лажици вода
5 лажици шеќер
½ кесичка (5гр) желатин
Подготовка:
Во мелената плазма додајте го растопениот маргарин и ладното млеко, добро соединете ја смесата и поделете ја во 7 чаши и со лажица добро претиснете.
Желатинот и водата промешајте ги и оставете да отстојат 5 минути, потоа на тих огин стопете ги. Со миксер изматете ја слатката павлака и шеќерот во прав, потоа додадете ја киселата павлака, измешајте потоа додадете го стопениот желатин и добро соединете. Смесата сипете ја во чашите врз плазмата.
Јагодите исечкајте ги и со шеќерот и 5 лажици вода ставете ги на огин. Оставете да врие 5 минути, потоа ставете го желатинот во 5 лажици вода да се соедини. Во подготвените јагоди ставете го желатинот и мешајте додека не се стопи. Оставете го малку да се излади и сипете го преку белиот дел. Добро оладете ги во фрижидер.
На здравје!

