ПОЛСКА ОДБЕЛЕЖУВА 10 ГОДИНИ ОД АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО КОЈА ЗАГИНАА ЛЕХ КАЧИНСКИ И НЕГОВАТА СОПРУГА

/

Полска денеска ја одбележува десетгодишнината од авионската несреќа што се случи на 10 април 2010 година во близина на Смоленск, во која животот го загубија 96 лица, меѓу кои и полскиот претседател Лех Качински, неговата сопруга и голем број високи политички и воени лица.

Утрово во 8,41 часот, точно десет години по несреќата, високи функционери на полската држава, меѓу кои и братот на Лех Качински, Јарослав, лидер на владејачката партија „Право и праведност“, премиерот Матеуш Моравецки и спикерот на Долниот дом на полскиот парламент Елбитц Витек поднесоа венци пред споменикот на Лех Качински, како и споменикот на жртвите од несреќата.

Во дипломатската нота испратена до руската амбасада во Варшава, полското Министерство за надворешни работи побара од Русија да и ги предаде на Полска остатоците од паднатиот авион.



На 10 април 2010 година, полска државна делегација отпатува за Смоленск во Русија за да ја одбележи годишнината од убијството на речиси 22.000 полски граѓани, вклучувајќи воени лица, полицајци и владини претставници, од страна на тајната служба на СССР НКВД во пролетта на 1940 година.



Претходна статија

(ВИДЕО) КАКО ИЗГЛЕДА ТЕСТИРАЊЕТО ЗА КОРОНАВИРУС

Следна статија

МЗ: 48 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИТЕ НАДМИНА 700 ЛИЦА

Најново од Вести