ЧОКОЛАДЕН МУС ПОДГОТВЕН ЗА 4 МИНУТИ
Се разбира, важно е да ги имате сите состојки при рака, но кога ќе го вклучите миксерот, слободно вклучете ја и стоперицата …
Состојки:
100 гр. црно чоколадо (најдобри за употреба се оние со 70% какао во прав)
300 мл. слатка павлака
50 гр. шеќер во прав
1 белка од јајце
2 лажици ликер „амарет “
Подготовка:
Скршете го чоколадото на парчиња.
Во тенџерче загрејте половина од слатката павлаката додека не почне да врие, тргнете ја од оган и додајте ги парчињата чоколадо мешајќи додека не се стопи.
Сипете ја смесата во сад за матење, а садот ставете го во чинија полна со лед. Додадете го остатокот од слатката павлаката и ликерот. Промешувајте додека не се појави пена на површината.
Во друга чинија изматете ја белката од јајцето заедно со шеќерот во прав. Соединете ја чоколадната смеса и смесата со белка од јајце и сервирајте во добро изладени чаши. Украсете по желба.

