|

Управата на Кривичниот суд: Барањата на синдикатите се оправдани и неопходни, тие се клучна алка во синџирот на судската власт

Во однос на денешниот протест на Синдикатите на судската служба Основниот кривичен суд Скопје информира дека, Управата на судот во целост ги подржува заложбите и напорите на Синдикатите на судската служба во остварување на нивните права.

„Управата на судот во целост ги подржува заложбите и напорите на Синдикатите на судската служба во остварување на нивните права. Судските службеници се клучна алка во синџирот на Судската власт и имаат движечка улога во остварување на правата на граѓаните пред судските постапки. Заради тоа сметаме дека нивните барања се оправдани и неопходни за понатамошно функционирање и развивање на правосудниот сектор“, велат од таму.

Информираат дека за време на протестот целосно ќе се почитуваат обврските на судот и нема да има одлагање на итните и притворските предмети, а сите шалтери ќе работат со дежурни службеници се со цел да им се излезе во пресрет на странките во постапките.

Слични Објави