Црн ден за криптовалутите – Падови помеѓу 20 и 30%
Основните криптовалути забележаа пад од 20 до 30% во последните 24 часа. Ова се случува само еден ден откако стана јасно дека во Кина се дискутира за забраната за трговија, како за бизнисите, така и за поединците.
Ова се случува само неколку дена откако во Јужна Кореја се подготвува закон за криптовалутите. Во меѓувреме пак и инвеститорот Ворен Бафет дополнително налеа масло на огнот, велејќи дека „трговијата со дигиталните валути ќе има лош крај“.
Така само за 24 часа цената на „биткоинот“ се намали за кратко под 10.000 долари, што за последен пат се случи во ноември.
Податоците за „Coinbase“ покажуваат дека валутата се намалила на 9.969 долари, по што следеше брзиот пораст до 11.000 долари. (Прочитајте го целиот напис овде)