ЦРВЕНА ЗВЕЗДА ГО ПРЕТСТАВИ НОВИОТ ТРЕНЕР: НАШАТА ЦЕЛ Е ЈАСНА, ТИТУЛА ВО АБА ЛИГАТА!

Претседателот на Црвена звезда, Небојша Човиќ, на вонредната прес – конференција го претстави новиот тренер на тимот од Белград, Драган Шакота.

Новиот тренер истакна дека не му било тешко да го прифати новиот предизвик и повторно да седне на клупата на „црвено-белите“.

Во првото обраќање до медиумите, како нов тренер на Црвена звезда, Шакота истакна дека има голема работа пред себе, а основна цел ќе биде одбрана на титулата во АБА-лигата.

Прво, сакам добра соработка и мислам дека работевме добро во минатото. Црвената звезда е претставник на Србија во најелитното натпреварување – Евролигата и тоа е институција. Во суштина, лесно решив да дојдам во клубот.

Од моментот кога стапивме во контакт немаше дилеми, ова е сезона која има многу натпревари и јасно е дека станува збор за сериозна работа. Секако, целите што ги спомна претседателот беа да го освоиме трофејот во АБА и да дојдеме до што е можно повеќе победи во Евролигата, истакна Шакота.

Извор: Спорт1



Слични Објави